30
Кичевската полиција информира дека поднела кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Лицето учествувало во тепачка која се случила на крајот на 2024 година.
-На 29.12.2024 околу 21.00 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, стои во полицискиот билтен.