75
Охридската полиција информира дека дошло до физичка пресметка меѓу две жени вработени во општата болница во Охрид.
Вчера околу 13:25 часот, полицијата добила пријава дека една вработена физички ја нападнала својата колешка додека таа извршувала работни обврски.
„На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“, стои во полицискиот билтен.
Се претпоставува дека станува збор за недоразбирање поврзано со работниот процес.