Тепачка во Струмица: Повредени две лица, Обвинителството отвори предмет

од Nikola Popovski
260 прегледи

По тепачката која вчера се случи во центарот на Струмица, струмичкото Основното јавно обвинителство, вчера, по допрен глас, оформило предмет. Во тепачката се повредени две лица, на кои им се нанесени телесни повреди, но животите не им се загрозени.

Како што информираат од надлежното Обвинителство, издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување податоци и утврдување на идентитетот на лицата што биле учесници во инцидентот.

Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.

Вчера по тепачката, се обрати и девојката која била претходно нападната, пренесува „Струмица денес“.

„После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови“, напиша девојката.

За инцидентот со реакција излегоа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ од каде го повикаа министерот за внатрешни Спасовски да го расветли случајот а владејачката партија да одговори дали имало вмешаност на лице од обезбедувањето на премиерот.

Посочениот во дел од медиумите како обезбедување на премиерот, на Фејсбук демантираше вмешаност во инцидентот.

Слични содржини