377
Три девојки завршија зад решетки откако полицијата ги привела после тепачка во Тетово, соопшти МВР. Тие се уапсени откако нападнале друго девојче во центарот на Тетово.
-Вчера (8 јули) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле В.А.(22) и З.Д.(22) од тетовски Бродец и 23-годишната Е.Б. од Горно Палчиште, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Илинденска” во Тетово, физички ја нападнале 25-годишната М.Ј. од Боговиње, информираат од СВР Тетово.
Полицијата не ги соопшти мотивите за нападот.