Тепачка за паркинг во Ѓорче Петров

Инцидент во скопската општина Ѓорче Петров кој завршил со физичка пресметка меѓу двајца мажи

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Локално

Во полицискиот билтен стои дека е пријавен инцидент во скопската општина Ѓорче Петров кој завршил со физичка пресметка меѓу двајца мажи.

-На 07.09.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје, наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.