Судири меѓу полицијата и демонстранти избија во Атина во рамките на поворките кои го придружуваат 24-часовниот генерален штрајк во Грција, објави британскиот весник “Гардијан”.
Демонстрациите во грчката престолнина почнале мирно. На плоштадот “Синтагма” група млади се одвоиле од вкупната поворка и почнале да фрлаат “молотови коктели” на полицијата, која одговорила со солзавец, пренесува Фокус.
Бунтовници запалиле патна бариера и фургон на телекомуникациската компанија OTE во која државата има удел. Била нападната и гробот на незнајниот јунак на плоштадот “Синтагма”.
Постепено судирите се преселија кон плоштад “Омонија”.
