357
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги лишија од слобода И.И., М.Н. и И.А.(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. Емил Зола во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти, информира МВР.
Објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и протов нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.