Клиникта за пулмологија и алергологија со технички и организациски промени ќе им го олесни пристапот на пациентите. Наместо неколку, воведен е едношалтерски систем, како и електронска сигнализација со редовен број на чекање за оредени услуги. Реорганизирано е работното време на персоналот за да биде подостапен. За дневната болница има утврден распоред со термини за сите лица што примаат терапија.

„Секој пациент доаѓа во време одредено за него, со што ја искоренивме досегашната практика повеќе пациенти да чекаат во ред и на крај да примаат терапија на ист кревет. Затоа го продолживме времето кога пациентите може да примаат терапија во дневната болница до доцна попладне, а персоналот е засилен со уште еден специјализант, кој на клиниката е присутен до 22 часот“, рече директорот на Клиниката, Дејан Докиќ.
Дневната болница е одвоена од болницата со хоспитализираните пациенти со доплонително направена врата која за цивили функционира со картичка. Зголемена е и хигиената за да се спречи појава на инфекции.
Набавени се и нови чаршафи и перници за сите пациенти, како и униформа за вработените.