Термини за вакцинирање добиле сите министри

од Nikola Popovski

Освен премиерот Зоран Заев и владиниот секретар Мухамед Зекири, термини за вакцина во следните 14 дена добиле и сите останати министри оти нашата Влада одлучила дека треба да се вакцинира по вакцинирањето на Собранието како институции кои се клучни за функционирање на државата, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче пред арената „Борис Трајковски“.

Министерот Филипче, по вакцинирањето потсети на значењето на вакцината.

„Пандемијата не научи да бидеме сплотени во почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на вирусот. Сега треба да бидеме обединети во давањето приоритет на вакцинација за да се смени сликата на пандемијата кај нас. Вакцината е нешто што сите го чекавме долго време, фактор да се смени сликата за пандемија. Сега, соочени со една болест за која немаше вакцина знаеме што значи ако ја нема“, потсети министерот Филипче.

Сите владини функционери што се вакцинираа досега тоа го сторија со кинеската вакцина Синофарм.

Слични содржини