Исламската држава објави нова брутална снимка на која се прикажува отсекување на глава на маж кој се придружил на ИСИС, а всушност тврдат дека е руски шпион, пишува СНН.

Додека заробеникот во портокалов комбинезон клечи пред својот убиец, тој на руски јазик зборува како руските напади кои ги наредил Путин, припадниците на ИСИС ги направиле уште посилни.
Мажот потоа се обраќа на Русите со закана дека нема да најдат мир во своите домови.
-„Ќе ги убиеме вашите синови за секој син кој го убивте овде. Ќе ги разориме вашите домови за секој дом кој го разоривте овде“, се заканува терористот.