ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАКИСТАН: Бомба експлодира на железничка станица, загинаа најмалку 20 луѓе

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Најмалку 20 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на бомба на железничка станица во Квета, југозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција.

„Експлозијата се случи во железничката станица кога возот за Пешавар требаше да тргне кон својата дестинација“, изјави полицискиот претставник Мухамед Балох за Ројтерс.

Ниту една милитантна организација сè уште не ја презела одговорноста за експлозијата.

Пакистан се бори со зголемување на милитантните напади на северозападот на земјата и растечкиот сепаратистички бунт на југот, забележува британската агенција.

Слични содржини