Терористот, кој уби 2 лица и повреди повеќе од 20 лица во Виена на 2 ноември, очигледно имал конкретна цел, но и соучесници, произлегува од истрагата која сè уште трае.
Австриецот со македонско-албанско потекло, Кујтим Фејзулај, дошол во центарот на градот вооружен, каде пукал кон луѓето кои ги нашол на улиците, па отпрвин се претпоставуваше дека тоа го сторил по случаен избор, пренесува „Танјуг“.
Според весникот „Курир“, негова цел требало да биде познатиот, луксузен ресторан „Ле Салцгрис“.
На денот на нападот, терористот се обидел, безуспешно, да се јави во ресторанот телефонски.
Видеата исто така покажуваат дека терористот стоел пред затворениот ресторан пред да бидат испукани првите истрели.
Кога се јавил во ресторанот, според медиумите, имало двајца пријатели со него.
Меѓу другите, станува збор за Бурак К., кој претходно се обидел да патува заедно со него во Сирија, со цел да се приклучат на Исламската држава.
Исто така, Бурак наводно му оставил на терористот неколку предмети, на одредено место, а исто така и нож.
Истрагата покажа дека Бурак, на денот на терористичкиот напад на неговиот пријател, преку Гугл се обидел да открие како мобилниот телефон се враќа на фабричките вредности.
Според „Курир“, на мобилниот телефон на терористот биле пронајдени докази дека имал соучесници, односно луѓе кои знаеле за неговиот крвав план.