TЕРОРИЗАМ: 65. убиени и 280 повредени во Пакистан се христијани, претежно деца и жени кои празнувале Велигден

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Талибански групи “Џамаат-ул-Ахрар” ја презеде одговорноста за крвавиот напад со најмалку 65 убиени и над 280 повредени

Жртвите од нападот во пакистанскиот град Лахоре растат. Атентаторот самоубиец, уби најмалку 65 лица и рани други над 280, претежно жени и деца, во јавен парк, саморазнесувајќи се  во центарот на основата политичката база на премиерот Наваз Шариф во провинцијата Пенџаб, пренесува “Ројтерс”.

2111035889

Експлозијата избувна на паркингот на популарен парк, на неколку чекори од игралиште со лулашки, за време на викендот за Велигден.
Во меѓувреме групата “Џамаат-ул-Ахрар”, фракција на талибанците, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад, објавувајќи дека целта на нападот била малата христијанска заедница во муслимански Пакистан.

2111035888

“Целта беа христијаните. Сакаме да испратиме порака на премиерот Наваз Шариф дека сме влегле во Лахоре. Ние можеме да го направиме она што си побараме и не можете да не запрете. Нашите самоубиствени бомбаши ќе продолжат со нападите “, изјави портпаролот на фракцијата Ехсанула Ехсан.