
Следниот ден терорист по име Амеди Кулибали убива полицајка и ранува нејзин колега во париското предградие Монруж.
На 9 јануари при своето бегство од полицијата, атентаторите од редакцијата на Шарли Ебдо земаат заложник во гратчето Дамартен ан Гјуел. Истиот ден Амеди Кулибали зема заложници 15 лица во продавница за кашерна храна во Порт де Венсан. Убива четворица од нив.
Теророт продолжува на 26 јуни – бомбаш џихадист влегува во хемиска фабрика во францускиот град Лион и обезглавува еден човек, а ранува други двајца.
Ништо не почнува од 2015 година
Франција, каде што живее најбројната муслиманска заедница во Европа, не е за прв пат цел на терористички напади. Во последните две децении во земјата беа извршени напади од различни исламистички групи, како алжирската “Исламската вооружена армија”, “Ал-Каеда” и “Исламска држава”.
Три години пред Шарли Ебдо, друг исламист изврши серија напади во Тулуз и околината, и уби вкупно 7 лица.
Во есента на 1995 година алжирската Вооружена исламска група изврши серија бомбашки напади во париското метро, и загинаа 8, а беа повредени над 140 луѓе.
Година подоцна бомба експлодираше повторно во метрото, кога загинаа четворица, а беа повредени 170 лица.