Теророт во Русија и Западот: Потреба за сочувство

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

 

 

Светлата во Европа останаа темни за трагедијата во Санкт Петербург. Тоа не беше ниту во ред, ниту пак мудро. Без разлика што некој би помислил за осветлувањето на јавните згради во боите на странските знамиња за да се покаже солидарност по некоја трагедија, тоа несомнено стана обичај, а отсуството на руското бело-сино-црвено знаме по минатонеделниот терористички бомбашки напад не помина незабележано. Во процесот, уште една можност да се спротивставиме на опасниот наратив беше изгубена.

Се разбира, се наоѓаме насред обновена Студена војна и постојат секакви причини Европа да се однесува непријателски кон Русија, од анексијата на Крим до агресивната разузнавачка активност. Без разлика на се, постои и се погласен повик за човечка симпатија, чувство дека сме сите обединети соочувајќи се со неочекуваната и недискриминирачка закана од тероризам.

За оние кои се помалку убедени, еве ја суровата прагматична реалност. Се е симболично, а со непокажување солидарност Европа игра според наративот на Кремљ што повторно и повторно не одведува подалеку од далеку поцврста почва. Кремљ тврди дека Западот е фундаментрално русофобски, и дека ликува кога гледа  што било што е штетно за Русија. Дека Западот упорно шири конфузија, замајувања, сомнежи и неизвеснот. (Ви звучи познато? Да, токму ова Москва го прави во Европа).

Резултат на тоа е што секогаш кога Европскиот суд за човекови права ја цензурира Москва, секогаш кога делегација на Еу повикува на поголема транспарентност, секогаш кога западен набљудувач забележува неправилности во изборниот процес, тоа во најдобар случај безмалку може да се оцени како грешна оцена на Европа, а во најлош „хибридна војна“.

Тоа е депресивен вид на реторичко џудо кое (воглавно) им овозможува на добронамерните забелешки да се претворат во поле за дивеење и враќање на идеолошките одвојувачи. За жал, ова функционира. Затоа постои алтернативна, или уште пдообро кажано дополнителна стратегија за Европа. Да, продолжување да се држи линија против руските злоупотреби и агресии. Да, да се потрошат тие клучни два проценти за НАТО за озбрана. Да, да се изградат капацитети за европско контраразузнавање и финансиска сигурност. Да, справување со предизвиците од дезинформациите и политичката субверзија.

Но тоа можеби нема да биде доволно. Истовремено, секогаш кога– во вистинската смисла на фразата – е човечки можно, Европа треба да се обиде и да и покаже на Русија колку што е можно повеќе љубов. Пофалете ги Русите кога ќе сторат нешто исправно (затоа што, знаете, и тоа го прават). Казнете ги нивните олигарси со валкани пари и нивните параноидни патриоти законодавци, но прифатете ги нивните студенти, туристи, уметници и претприемачи.

Прво и пред се, ова ќе ги елиминира лесните шанси на пропагандистите од Кремљ. Всушност, тоа активно ќе ја подрие нивната злобна реторика која има цел засилување кај Русите на вештачкиот избор меѓу нас и нив, патриоти и предавници.

Второ, сетете се на оние мрачни идеолози кои бараат „хибридна војна“ – или можеби покоректно е „политичка војна“ – зад се? На некој начин, тие се во право. Ова е битка меѓу зборови и вредности, слогани и симболи. Оние кои ја гледаат долготрајната безабедност на Европа во смена на режимот во Кремљ пропуштаат да ја прифатат шансата да го стават под сомнеж прашањето на оние во заминување дека русите се сами и победени.

Опкружени со краткоумните индивидуи кои сметаат дека Санкт Петербург не заслужува „сожалување“ заради Севастопол, кои сметаат дека секој страшен инцидент е некој вид операција „лажна тревога“ иницирана од Путин за да се создаде некој вид „обединети-околу-болката“ емоции. Не само што е погрешно, туку е и опасно. Иронично е дека токму тие се неговите најдобри сојузници.

Дајте љубов на Кремљ, дајте му толку љубов па и нека се удави во неа. Сторете го тоа – ем затоа што е исправно, ем затоа што е мудро, но конечно направете го тоа.

Москоу тајмс – Москва