Тешка корупција и злоупотреби на власта, стои во експертскиот извештај на ЕК

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Тешки злоупотреби на институциите и корумпирани високи државни функционери, ова е генералниот заклучок ако се прочита извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија за да ги истражи состојбите кои се открија по објавувањето на снимените разговори од страна на лидерот на опозицијaта Зоран Заев, oбјавува НоваТВ, повикувајќи се на   дипломатски извори eu

Извештајот кој бил финализиран денеска, а се однесува на анализи на европските експерти на УБК, судството, Омбудсманот, изборите и медиумите во Македонија. Еве ги главните заклучоци од извештајот:

1. УБК изгледа дека работело надвор од своите овластувања во полза на Владата за да ги контролира највисоките претставници на јавната администрација, обвинители, судии и политички опоненти со консеквентно мешање во независноста на судството и други институции, се вели во Извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија.

2. Снимките со прислушуваните материјали се со квалитет, обем и опсег што генерално може да се смета дека се правени во Службата за разузнавање.

3. Аферата откри масовно прекршување на фундаменталните права, вклучително и оние за слободата да се учествува во јавниот живот и да се гласа, еднаков пристап до јавните добра, правото на приватност и правото на независно и непристрасно судство, односно правото на пристап до правда.

3.Директно инволвирање на владини и партиски високо рангирани функционери во нелегални активности, вклучително изборни измами, корупција, злоупотреба на власт, конфликт на интереси, уцени, изнудувања, тешки прекршувања во јавните набавки и непотизам.

4.Корупцијата е најсериозниот проблем со којшто се соочува земјата, дури заслужува можеби и посебен извештај како проблем со оглед на тоа дека политичката корупција е присутна на многу нивоа.

5. Основите на суштинските стандарди на демократско владеење треба допрва да бидат исполнети, се вели како заклучок во однос на демократските стандарди“ се вели во Извештајот на Европската комисија.

Извештајот беше работен изминатите два месеца по нарачка на Европската комисија, дополнува Нова.