315
Четири лица се тешко повреди во сообраќајка која синоќа се случил на улицата „Водњанска“ во центарот на Скопје.
-На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.”Мајка Тереза”, со ул.”Тодор Александров” и ул.”Белградска” патничко моторно возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември” и Комплексот клиники “Мајка Тереза”, велат од МВР.