Тешка повреда го расипа расположението во Баерн

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Алфонсо Дејвис заработи тешка повреда – засегнати се предните вкрстени лигаменти на десното колено, што ќе го остави надвор од терените долго време, според Баерн Минхен. Според „Билд“, тој ќе закрепнува околу шест месеци. Кај Баварците повреден е и Дајот Упамекано, но ќе отсуствува само неколку недели.

Дејвис со предметната повреда се враќа дома од канадската репрезентација која пред неколку дена одигра два натпревари. Во вториот – против САД на 23 март, левиот бек стартуваше како стартер, но почувствува болка и излезе од терен по само 12 минути.

Сериозниот проблем бил дијагностициран по неговото враќање во Минхен. Уште денеска ќе му биде извршена операција. Како што е познато, во почетокот на сезоната тој се согласи да потпише нов договор со Баерн, откажувајќи се од опцијата да замине како слободен играч на лето.

Упамекано има проблем со левото колено, поради што ќе биде надвор од терените неколку недели. Неговата повреда е од претходниот реванш дуел против Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации.

Слични содржини