Тешка повреда на Џамал Мареј: „Загрижени сме“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Џамал Мареј, се здоби со незгодна повреда на левото колено на натпревар со Голден Стејт Вориорс.

Соиграчот на Никола Јокиќ лошо доскокна во поразот од 116: 107 за време на еден продор и мораше да го напушти теренот.

Да биде работата уште полоша, сето тоа се случи на само 50 секунди до крајот на мечот, кога сè беше решено.

Мареј се врати во составот на Денвер по четири пропуштени натпревари, но очигледно го чека нова пауза.

Тежината на повредата ќе биде позната по магнетната резонанца.

„Џамал е исклучително важен за нашиот тим. Знам дека тој има болки во моментов и јас сум потресен поради тоа. Тоа е ужасно чувство“, изјави тренерот Мајк Мелоун.

„Само чекаме да слушнеме што се случува. Сите сме загрижени за него. Се надеваме на најдоброто“, изјави Мајкл Портер Јуниор.

Слични содржини