Тешка сообраќајка кај Зајас

од Andreja Salpe

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила синоќа во близина на селото Зајас во месноста викана „Туфково маало”.

Незгодата се случила околу 19 часот меѓу патничко возило „хундаи галопер” управувано од Ш.В.(34) и патничко возило „сеат ибица” управувано од Е.Е.(41), двајцата од село Колари.

По незгодата, двајцата биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде на возачот на „ибицата” му биле констатирани тешки телени повреди.

Екипа на Одделението за внатрешни работи во Кичево извршила увид на местото на несреќата. Причините и направената штета допрва ќе се утврдуваат.

Слични содржини