Вчера изутрина се случила страшна сообраќајка во центарот на Прилеп.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од А.М.(24) од Прилеп и возило „опел зафира“, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп – информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
https://twitter.com/htcN8x8RuCu5sH2/status/1350779708825350146