148
Во страшна сообраќајка што вчера се случила кај Лесковац, Србија, едно лице загинало, а четворица се повредени. Според српските медиуми, станува збор за семејство од Македонија кое се враќало од одмор во Словенија.
Несреќата се случила, според неофицијални информации, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда.
Како што пренесува „192.рс“, во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена.
Засега нема информации за идентитетот на македонските државјани.