Тешка сообраќајка на превојот „Пресека“, повредени странски државјани

од Nikola Popovski
57 прегледи

Нова тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта, но, за среќа без смртни последици. Како што информираат од полицијата, на 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.

Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Слични содржини