Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.
На терен се две возила на итната медицинска помош, тим од пожарникарите на штипската противпожарна бригада и полициски службеници од полициската станица во Штип.
Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна несреќа.