288
МВР информира дека вчера во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот кружен тек од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од С.З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф.Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“, управуван од А.Р.(37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Штип.