Тешка сообраќајка во Скопје – преполовено „БМВ“!

од Nikola Popovski
4,8K прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случила нешто пред полноќ кај скопска Цементарница, во населбата Кисела Вода. Автомобилот марка „БМВ“ бил речиси преполовен откако удрил во бетонска бандера.

Според првичните информации, возачот кој управувал со автомобилот се здобил со тешки повреди и итно е пренесен во болница. Во моментов нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.

Исто така не е познато како настанала сообраќајката, а на терен се излезени и полициски екипи.

Слични содржини