Сообраќајот на Штаерскиот автопат (Љубљана – Марибор) во Словенија е во прекин, поради тешката сообраќајна несреќа кога комби со странски државјани се забило во застанат шлепер. Загинале пет лица.
Несреќата се случила кај одмориштето Тепање, во релативна близина на градот Велење. Околу 10.30 часот, во близина на излезот за Словенске Коњице, во правец кон Љубљана, комбито удрило во шлеперот што стоел поради застој.
Првичните информации беа за четиримина загинати, но потоа словенечката полиција соопшти дека пет лица подлегнале на повредите во судирот, а еден е повреден.