Тешка сообраќајка во Софија – автомобил влетал во прозорците на автобус и го убил единствениот патник

од desk2
111 прегледи Фотографија: Фејсбук

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска во Софија, кога автомобил кој се движел со брзина од над 100 км/ч влетал во прозорците на градски автобус кој чекал на црвено светло и го убил единствениот патник во автобусот, јави „Медиапул“.

Загинатиот патник бил на 65-годишна возраст. Уште три лица се во животна опасност – возачот на автобусот и две девојки кои биле во автомобилот „ауди“. Полесни повреди задобиле возачот на автомобилот и неговиот сопатник.

Возачот (21) има скршена рака. Возачката дозвола ја зел пред само две седмици.

Тешкиот инцидент се случил на раскрсницата на булеварите „Константин Величков“ и „Взкресение“.

Од едно видео од надзорна камера објавено од Бугарска национална телевизија (БНТ) се гледа дека автомобилот се движи со многу голема брзина, најверојатно над 100 км/ч. Дали возачот се обидел да сопре не е јасно, но и да било така, при толкава брзина, ефектот би бил мал.