Триесетина матуранти од лабинското средното училиште „Мате Блажине“ се повредени во Норијада при превртување на трактор.
Имено, матурантите биле на тракторска приколка која се превртела на патот меѓу Лабин и Пртлог, но за среќа сите се надвор од животна опасност.
На терен веднаш се испратени пет екипи на брза помош, а децата веќе се тријажирани и класифицирани според видовите повреди и ќе бидат лекувани во КБЦ Риека и Општата болница во Пула, изјавила Гордана Антиќ од Наставниот институт за итна медицина на округот Истра, пренесе „Радио Сарајево“.
На местото на несреќата се наоѓаат пожарникари и полиција.
Istarski.hr пренесува дека матурантите биле „накрцани“ во два камиона и два трактора. Неофицијално се дознава и дека причина за несреќата е откажување на сопирачките на удолница.