„Тешки времиња ѝ претстојат на Европската Унија“

Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, оцени дека поради откажувањето од руските енергетски ресурси, на Европската Унија ѝ претстојат исклучително тешки времиња

од Кристијан Димков
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/FRANCE 24 English

„Одбивањето на Европската Унија да се потпира на руските енергетски резерви и другите глупи идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „Х“.

На овој начин, шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) го коментираше мислењето на експертите од „WSJ“ дека нафтената криза што ја погоди Азија најавува тешки времиња и за Европа, пренесува агенцијата РИА Новости.

Во подоцнежна објава на истата социјална мрежа, Дмитриев додаде дека „Азија е помудра и се грижи за својот народ“, мислејќи на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, „додека ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток практично го запре бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, клучна рута за испорака на нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив, што доведе до раст на цените на енергенсите во поголемиот дел од светот.