Претпладнето насекаде во земјава преовладуваше сончево и топло време со слаб ветер од претежно од јужен правец. Попладне во поголемиот дев од земјава се задржа сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во западните делови имаше локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дуваше слаб ветер претежно од променлив правец. УВ=9
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
37 Д. Капија, Штип, Скопје – Зајчев Рид, 36 Скопје Петровец, Виница, 35 Гевгелија, Струмица, Битола, 34 Кр. Паланка, Тополчани, Прилеп, Тетово, 33 Претор, 32 Ѓуриште, Берово, Охрид, 31 Пожаране, 30 Пожар, 28 Маврово, Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.
1 Маврово.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. УВ=9
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. УВ=9 Утринските температури ќе бидат во 14 до 22 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.
Скопје Сончево и многу топло со слаб ветер од западен правец. Температурите од 20 / 39 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
И утре ќе се задржи претежно стабилно и многу топло време. Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.