Тешко ќе најдат подобар од мене во државата, рече Јакимовски и додаде дека никогаш потешко не му било во животот

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Проблем имаат што во државата тешко да најдат подобар од мене. Тука е проблемот. Ова момче од Кочани што стана градоначалник (Венко Крстевски), зошто не побара да се види со градоначалниците на Кисела Вода, Бутел, Гази Баба…зошто бара да се види со мене? Еве во петок имаме состанок. Зошто не ги посочи нив како добри, праша синоќа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. Oва следува откако тој вчера беше осуден на три и пол години затвор. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд, откако градоначалникот го прогласи за виновен за злоупотреба на службената положба и за бесправно градење на објекти за општината. Дополнително, уште еден вработен во општината доби условна казна од две години.

Јакимовски говореше и за тоа што медиумите објавувале за неговата затворска казна.

-Овие ни ги кремираа децата, 62 деца ни кремираа и сега како ќе го свртат вниманието. Сега на кајронот ќе иде нон-стоп „Стевче Јакимовски осуден на 3,5 години“. Главен го гледам Сител – тој исти Сител чии што главен и одговорен уредник Драган Павловиќ-Латас имаше изградено дивоградба и квичеше и плачеше, па го праќав мојот секретар да го советува како да се брани на суд и доби ослободителна пресуда. Нон-стоп да врти кајронот дека сум осуден….Практично гледаш дека реформи во судството треба да има, а главната реформа беше во времето на СДСМ и „27 април“ – кој ќе даде поголема пресуда, иде напред. Сега овие истата реформа – кој ќе го осуди Стевче, да видиме дали ќе оди напред. Тоа се реформите во нашето судство…, кажа градоначалникот во поткастот „Тешки муабети“ и истакна дека „никогаш во животот не му било потешко“.

-Сега се чувствувам поразен како човек и изневерен, додаде Јакимовски.

Слични содржини