168
За жал, се соочуваме со општество кое сака привилегирани позиции за работа, а потешко наоѓаме кадар за работа со болници каде има тешки пациенти со декубитни рани, вели министерот за здравство, Беким Сали.
-Во континуитет отвораме огласи, бараме вработувања, но се соочуваме со општество кое сака привилегирани позиции за работење, а во случаите каде има тешки пациенти со декубитални рани, потешко наоѓаме кадар кој е подготвен да се справи и пружи здравствена услуга за овие пациенти, рече Сали.