Тешко повреден пешак во Скопје – возачот избегал од местото на несреќата

од Љубиша Владимиров
160 прегледи

На 17 март 2025 година, околу 19:15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Киро Фетак“ во Скопје, патничко возило удрило во 58-годишниот пешак З.Н. од Скопје, а потоа возачот го напуштил местото на настанот.

Според информациите, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а во тек се мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот.

Слични содржини