Тешко повреден скопјанец, паднал од кров на хотел

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Работник од Скопје на 32-годишна возраст е тешко повреден откако вчера попладне паднал од кров на хотел во Штип.

До падот дошло додека изведувал градежни работи.

„На 24.03.2023 во 14.05 часот во СВР Штип било пријавено дека од кров на хотел во Штип додека изведувал градежни работи паднал Х.Л.(32) од Скопје, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип, а за настанот е известен Државен трудов инспекторат“, соопшти МВР.

Слични содржини