Тешко повреден скопјанец донесен на Клиника, паднал од објект во изградба

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

На 18.01.2023 во 17.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.М.(55) од с.Идризово, скопско.

Според пријавеното, тој со повредата се здобил околу 16.15 часот, додека извршувал работни задачи на неговото работно место на објект во изградба на подрачјето на Аеродром. Полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е трудов инспектор.

Слични содржини