ТЕШКО РАНЕТ ШЕФОТ НА УКРАИНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА? Русите ја објавија адресата на која се лекува во Берлин!

од Vladimir Zorba
384 прегледи

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов е ранет на 29 мај при напад врз зградата на украинската служба во Киев, јави денеска РИА Новости, повикувајќи се на неименуван извор од руските безбедносни сили, кој од украинските разузнавачи добил увид во состојбата на Буданов.

Ракетата го погодила кабинетот што бил до Буданов, а тој се здобил со повреди поради кои прво бил префрлен со хеликоптер во воената база во Жешов, град во Полска, недалеку од границата со Украина, а потоа со специјален Американски авион за Германија на лекување.

Американски авион, специјално за Буданов, полетал од базата Рамштајн.

Податоци за тој лет сними и веб-страницата Флајтрадар, која ја објави „РИА Новости“ на Телеграм.

Изворот на порталот додава дека Буданов е во Берлин и е во тешка состојба. Руската служба, очигледно, ја знае точната адреса каде се наоѓа, а не се двоумеле да ја споделат со јавноста.

Буданов не се појавува во јавноста од 29 мај. Тоа беше последниот датум кога објави нешто на неговиот канал Телеграм. Во последното видео, тој и се закани на Москва со брз одговор на ракетните напади.

Украинските власти официјално ја демантираа веста дека Буданов починал, иако не објавија други информации за неговата состојба и каде се наоѓа, потсетува „РИА Новости“.

Ова е вториот најважен украински офицер кој е ранет.

Потсетиме дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, се здоби со повреда на главата и повеќекратни рани од шрапнели за време на ракетен напад од страна на руските војници на почетокот на мај на командно место во близина на селото Посад-Покровское во близина на Херсон, изјави за РИА Новости претставник на руската агенција за спроведување на законот, повикувајќи се на своите извори во вооружените сили на Украина.

Според него, Залужни бил однесен кај Николаев за прва помош, а оттаму со хеликоптер во воената болница во Киев.

Слични содржини