„Тешко се движи и има силни грчеви“: Откриени нови детали за состојбата на Селин Дион

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Селин Дион минатата година откри дека боледува од ретка болест. Таа потоа јавно им проговори на своите фанови, па низ солзи зборуваше за синдромот на вкочанета личност.

Оваа болест се карактеризира со чести мускулни грчеви, а „напаѓа“ еден од милион пациент. Со текот на времето, заболените почнуваат да имаат потешкотии во движењето, ја губат и моќта на говорот, а синдромот е најпознат по тоа што „оние кои страдаат од него ги претвора во човечки статуи“.

Како што сега пишуваат странските медиуми, Селин Дион најверојатно никогаш повеќе нема да застане пред публиката со оглед на тоа што нејзината состојба се влошува.

Да потсетиме, таа претходно ги откажа сите претстојни настапи.

„Никој не ја фотографирал јавно во последните 600 дена, а знаете и зошто. Таа многу тешко се движи, а при некои силни тонови се грчи, понекогаш дури и паѓа. Подгрбавена е, а кога ќе се појави грч, болката во мускулите е измачувачка“, рекол извор близок до пејачката, пренесува „Мирор“.

Слични содржини