Tesla ќе го запре производството во фабриката во Калифорнија

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Компанијата Tesla најави дека привремено ќе го запре производството во фабриката сместена во Калифорнија, пишува CNBC, цитирани од Бизнис Инфо.

Планот е клуч на вратата на фабриката да има до 23-ти овој месец, а по оваа најава, акциите на компанијата забележаа пад од 7%.

Компанијата, исто така, привремено го запира производството и во фабриката во Њујорк. Активностите во останатите објекти, како што се наведува, продолжуваат.