Tesla Model Y Long Range RWD во Европа

од Vladimir Zorba

По европската сертификација, Tesla официјално го лансираше моделот Y Long Range RWD со погон на задните тркала со автономија од 600 km.

Новата верзија на Model Y ветува најниска цена по километар во сегментот на електрични SUV, од 14,9 kWh на 100 km.

Новата варијанта Model Y веќе е на производна линија во фабриката во Берлин, со проценето време на испорака од 2 до 4 недели.

Tesla потврди дека Model Y Long Range RWD е сертифициран за домет од 600 km кога е опремен со 19-инчни тркала Gemini. Автомобилот забрзува до 100 km/h за 5,9 секунди и може да достигне максимална брзина од 217 km/h.

Цените за Model Y Long Range RWD започнуваат од 48.990 евра во Германија.

За споредба, Model Y Long Range AWD (со погон на четири тркала) се продава во Германија за 54.990 евра.

Слични содржини