
Добри вести за напредокот во технологијата на Tesla слушнаа акционерите во компанијата и тоа лично од страна на главниот извршен директор Елон Маск за време на традиционалниот годишен состанок во Маунтин Вју, Калифорнија вчера.
„Наскоро ќе имаме автомобил кој ќе поминува 400 милји (643 километри) со едно полнење, споделил Маск, цитиран од „CNBC“. Тоа е една од најважните карактеристики на електрични возила, порадикоја електричните возила често се критикуваат од страна на скептиците.
Во прилог на добрата вест, шефот на компанијата вети дека некое време следната година, возачите на Tesla ќе можат да го користат автопилотот во нивните електромобили без човечка интервенција.
„Секој автомобил од октомври 2016 година е способен за целосна автономија со замена на компјутерот“, истакна Маск. „Ние се уште ќе имаме потреба од регулаторно одобрување, но опциите за само-управување ќе бидат достапни“.
Според неговите зборови, ова значително ја зголемува вредноста на автомобилот.
„Всушност, мислам дека е финансиски лудо да купуваш нешто друго освен електричен автомобил, кој може да вози автономно“, рече Маск.
Запрашан за финансиската состојба на Tesla во 2019 година, тој одговори дека повратот секогаш е предизвик за брзорастечката компанија. Целта на Tesla оваа година е да го зголеми целиот свој парк за 60% до 80%.
„Тешко е да се биде профитабилен со ова ниво на раст“, рече Маск, додавајќи дека компанијата може да има позитивен готовински тек додека расте со слично темпо.
Акциите на Tesla се затворија на ниво на околу 217 долари во вторникот пред состанокот, што е за 36 отсто помалку од истиот период минатата година, кога хартиите од вредност на компанијата се тргуваа близу 342 долари.