Тесла отвора „мегафабрика“ во Кина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

„Тесла“ отвора „мегафабрика“ во Шангај, објави производителот на електрични автомобили на Твитер.

Како што се наведува, фабриката годишно ќе може да произведува 10.000 големи батерии Megapack, кои се користат за складирање на електрична енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишување договор во Кина.

„Тесла отвора фабрика за Megapack во Шангај за да го надополни производството во фабриката во Калифорнија“, објави Елон Маск на Твитер.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, која прва ја објави веста, вели дека производителот на електрични автомобили ќе започне со работа во третиот квартал од оваа година, додека производството ќе започне во вториот квартал на 2024 година.

„Тесла“ управува со мегафабрика во Лејтроп, Калифорнија, која може да произведува 10.000 единици Megapack секоја година – што е еквивалентно на 40 гигават-часови складирана енергија.

Слични содржини