Оптичките илузии се интересни и забавни. Тие не само што откриваат многу за нашата фантазија, но може да откријат и за личноста. Споделуваме еден брз тест. Видете ја црно-белата илустрација. Што е првото нешто што го препознавате? Во следните редови може да дознаете што покажува за личноста првиот виден лик.
Ако првото нешто што го гледате е сликата на младата жена, тогаш сте нетрпелива и импулсивна личност. Љубите да им помагате на луѓето. Кога треба да донесете одлука, ретко се двоумите. Вашата силата на карактерот ви помага да продолжите да се движите напред, и покрај тешкотиите.
Перфекционисти сте во секој поглед, што ве оптоварува премногу, па затоа е важно да се научите и да се релаксирате. Во повеќето случаи сте оптимисти и се обидувате да го најдете доброто во секој.
Сепак понекогаш е добро да мислите повеќе и да не сте толку импулсивни и авантуристички настроени.
Ако во сликата сте го препознале најнапред ликот на старецот, тоа покажува дека вие сте човек кој е лојален и чувствителен. Добар слушател сте и секогаш знаете како да сторите и што да кажете, за да сте максимално корисни.
Во вас луѓето гледаат стабилна потпора, мудар пријател. Од друга страна критичното размислување е една од вашите подобри карактеристики. Вие сте роден лидер, умеете да водите на вистинскиот пат. Иако успесите кои ги постигнувате во животот, обидете се да спиете повеќе. Умот и телото има потреба од тоа.