337
Во Сеул е најавено тестирање на домашни миленичиња на коронавирусот, доколку нивните сопственици бидат позитивни на тестот, изјави првиот човек на здравството во главниот град на Јужна Кореја, Парк Јо-ми.
Тој најави дека градскиот тим за собирање примероци од домашни миленици ќе ги посети семејствата во карантин и ќе ги тестира нивните миленици.
Секое куче или мачка со позитивен резултат ќе мора да помине 14 дена во карантин.
Првиот потврден случај на ковид-19 кај домашно милениче е забележан на 21 јануари, кога тестирањето открило присуство на коронавирус кај една мачка.