
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека ќе им овозможи на независните аптеки да тестираат за коронавирус и да започнат со тестирање за антитела.
Куомо рече дека со проширеното тестирање ќе бидат вклучени членови на службите за итни случаи, здравствени и други работници кои вршат суштински важни задачи.
Тој додаде дека хоспитализацијата на лица кои страдаат од „Ковид-19“ паднала на исто ниво како и пред 21 ден, што е знак дека епидемијата полека слабее.
Според него, во изминатите 24 часа починале уште 437 лица, а вчерашниот ден бил кобен за 422 лица.
Тестирањето на антитела е начин за утврдување дали некое лице е заразено со коронавирус дури и ако не покажува симптоми.