„Тестирањето пред кафеана или трговски може да предизвика гужви, граѓаните треба да се вакцинираат“

од Берта Китинска
375 прегледи

– Имаше дискусија за бесплатен ПЦР тест, дури и дискусија за платен тест или слично пред кафулињата, големите културни настани, одредени други помасовни организациски настани. Причината беше заради тоа што тогаш ќе предизвикаме масовно упатување на луѓето кај пунктовите каде што се прават бесплатните тестови и тоа може да биде атмосфера на ширење на самата зараза. Токму од тие причини, не се даде таа сугестија, рече премиерот Заев додавајќи дека не се воведени бесплатни тестови за влез во угостителските објекти и во шопинг центрите за оние граѓани кои од медицински причини во моментот не можат да се вакцинираат затоа што тоа би можело да предизвика гужви на пунктовите за тестирање.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека мерките кои во моментов се на сила, односно забрана за влез во кафулиња и кафеани на невакцинирани лица, треба да останат.

-Барањата на угостителите утре ќе ги разгледува Комисија за заразни болести и Комитетот за имунизација. Сметам дека овие мерки треба да останат исти сè додека уште повеќе не се зголеми бројот на вакцинирани лица. Во моментов со прва доза се вакцинирани 660.000 граѓани, а ревакцинирани се 501.000. Очекувам да имаме уште поголема имунизација со отворање на малата сала во арената Борис Трајковски., кажа министерот Филипче.

Слични содржини