Тетовчанец пукал од пиштол, свадбари ги спречувале полицајците да го приведат

од Берта Китинска
258 прегледи

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (18 август) околу 23 часот и 30 минути, во тетовско Седларево, го лишиле од слобода 60-годишниот А.А. од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир, информираат од СВР Тетово.

-Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола, соопштија од полицијата.

Според СВР Тетово по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Слични содржини