Тетовец преку Фејсбук ја навредил поранешната американска амбасадорка, доби парична казна

од Nikola Popovski
149 прегледи

Основното јавно обвинителство Тeтово до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава по член 181 од Кривичниот законик.

Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.

Слични содржини