Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Како што информираат од МВР според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.