181
СВР Тетово информира дека жена била повредена од заталкан куршум, по што била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
– Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Се работи на расчистување на случајот.